Во ерата на светска пандемија бевме принудени да ги преиспитаме сите работи што ги земавме здраво за готово. Нашите вредности и нашите приоритети, нашето слободно време и што е најважно, начинот на кој работиме.
Не е чудно што класичниот 8-часовен работен ден, кој некогаш беше социјалистички сон, денес во најмала рака изгледа вишок. Со оглед на тоа што голем дел од луѓето се префрлаат на работа на далечина, секој од нас сфаќа дека 8-часовниот модел може да е контрапродуктивна лага.
Аутистиккомпроф на „Тик-ток“ неодамна направи интересно видео во кое објаснува дека слоганот „8 часа работа, 8 часа рекреација, 8 часа спиење“ од работничкото движење кон крајот на 19 век е лажно ветување.
Во нашата секојдневна практика овој модел го уништува балансот помеѓу работата и животот, оставајќи нѐ исцрпени и непродуктивни.
- 8 часа за работа, 8 часа за одмор, 8 часа за забава. Ова бил слоганот на работничкото движење во 19 век. Како што можеме да видиме, работното време од 9 до 17 не ни дава време да се собереме пред да си легнеме и да одиме на работа повторно наредниот ден. Ова е така затоа што всушност наместо 8, работите 9 часа, бидејќи работодавците не ви плаќаат за ручекот. Ако живеете во голем град, тогаш поминувате плус еден час одејќи до работа и враќајќи се дома. А сигурно дека работата ви бара одреден дрес-код. Со тоа, сигурно поминувате најмалку еден час подготвувајќи се за на работа, а ако сте жена, и повеќе од еден час.
Така, 11 часа сте посветиле на вашиот работен ден. Си доаѓате дома целосно исцрпени, а имате и други обврски.
Што да правиме? Не знам. Мислам дека одењето на работа и ручекот треба да бидат дел од нашиот 8-часовен работен ден. Ако сакаме да имаме време за нашата ментална и емоционална благосостојба, тогаш не треба да работиме повеќе од 3-4 часа во денот.
Сѐ поголем број истражувања покажуваат дека пет часа е максимумот што секој од нас може да го издржи за да работи нешто.
Извор:
Bored Panda
Фото:
Politicstheoryphotography