X
 20.10.2022 Живот

Германија размислува за легализација на канабисот

Германија планира да го легализира купувањето и поседувањето мало количество канабис. Ќе се дозволи продажба на канабис во продавници со лиценца, но ќе биде забрането рекламирањето, пренесува „Политико“.

Овие промени се дел од планирани реформи кои протекле во локалните медиуми. Реформите се цел на дискусија во Владата и наскоро може да бидат предложени како законски измени во парламентот.

Неколку европски земји веќе го легализирале користењето канабис, а други држави размислуваат за ваква мерка. Минатата година три партии кои се дел од коалициската влада ветиле легализација на канабисот за време на изборната кампања.

Според планираните реформи, ќе се легализира купувањето и поседувањето најмногу 20 грама канабис од страна на возрасни лица. Освен тоа, ќе биде дозволено и одгледување најмногу две растенија канабис во домот. Канабисот ќе се продава во лиценцирани продавници, а можеби и во некои аптеки. Германија дозволува продажба на медицински канабис во аптеките од 2016 година.

Од Министерството за здравство на Германија изјавиле дека Владата сè уште не се согласила со предлогот за реформите за продажба на канабис.

Извор: Politico
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот