Подготвен е предлог-закон за за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, со кои се предвидува да се легализира употребата на марихуаната во медицински цели.
Предлог-законот го подготвиле Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средствa. Со тоа, ќе се овозможи легална и контролирана употреба на производи од канабис за медицински цели во државава.
Како што рече министерот за здравство Никола Тодоров, документот насклоро ќе се најде во владина процедура.
- Предлогот за легализација на канабисот во медицински цели ќе биде поднесен во владина процедура, а в недела ќе се организира уште една јавна расправа за да се слушнат и дополнителни предлози, сугестии и забелешки во насока на подобрување на истиот - изјави Тодоров.