Жителите на градот Сургут во Сибир, Русија, го „гушнаа“ паркот во знак на протест против уништување на шумите на местото на кое се планира да се гради автобуска станица. Во акцијата учествуваа повеќе од 300 лица.
На мирниот протест жителите се фатија за раце на температура од -27 Целзиусови степени и ја опколија шумата. Тие веруваат дека проектот не само што ќе ја уништи шумата туку и ќе предизвика колапс на транспортот.
Првиот човек на Сургут, Вадим Шувалов, на социјалните мрежи истакна дека е забележан флешмоб против изградбата на автобуската станица, но дека не се дискутирало за откажување на проектот. Градоначалникот има намера активно да го информира населението за плановите за развој на инфраструктурата на Сургут и ги покани жителите да разговараат за прашањето на автобуската
станица.
Инвестицискиот совет во Сургут го одобри проектот за изградба на нова автобуска станица на 11 ноември. Инвеститорот, пак, ја објави својата подготвеност да инвестира повеќе од 200 милиони рубли во автобуската станица.