X
 16.01.2021 Живот

Писта од стар аеродром во Шангај претворена во парк

Аеродромот „Лонгхуа“ во Шангај бил затворен во 2011 година, по 80 години од неговото отворање.


Фото: Sasaki

По затворањето, на местото останала празна писта долга 1,8 километар и широка 80 метри. На тоа место сега има парк што го претворил празниот простор во жива градина.


Фото: Sasaki

Зад дизајнот на паркот стои архитектонското студио „Сасаки“, кое оставило делови од оригиналната писта. Паркот се користи и за собирање на дождовницата, која потоа се прочистува и се користи за фонтаните.

Автор: Ниха Тандон Шарма
Извор: luxurylaunches.com
Фото: Sasaki
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот