X
 06.03.2020 Живот

Хотел во Јапонија чија единствена грижа е вашата удобност

Технологијата изоде долг пат кога се во прашање патувањата, особено во Јапонија, каде што можете да спиете во хотел чиј персонал е составен од андроиди.

Еден таков пример е и капсула-хотелот „Милениалс“, кој се наоѓа во популарната населба Шибуја во Токио. Во овој хотел гостите се будат нежно така што креветот полека се подигнува до седечка позиција и светлата самостојно се вклучуваат за да го означат почетокот на утрото.

hotel

Вклучувајќи елегантни, минималистички паметни капсули, хотелот располага со оддели за спиење со еден кревет покриени со екран. Гостите добиваат ајпод при пријавувањето во хотелот, а овој ајпод контролира неколку функции во нивната капсула. Има простор за складирање на големите куфери под креветот, а гостите можат да си постават аларм за кое било време, да легнат, да се опуштат и да гледаат релаксирачки проекции на сцени од океани на 80-инчен екран. Наутро, креветот ќе ве извести кога е време за станување.

3

- Главниот фокус во искуството на гостите во овој хотел се високотехнолошките паметни капсули контролирани преку внатрешна апликација која ги централизира сите функции на аранжманите за спиење на секој гостин. Со оваа алатка гостите можат лесно да ги приспособат осветлувањето, протокот на воздух, па дури и лакот на нивниот душек. Особено е уникатен безвучниот аларм, кој полека ги крева гостите во седечка положба, додека светлата постепено ја зголемуваат нивната светлина, овозможувајќи им на гостите лесно да се разбудат без да ги вознемируваат соседите - вели претставник на хотелот.

4

Со фокус на футуристичкиот дизајн, хотелот има заеднички простории што поттикнуваат комуникација меѓу гостите. Хотелот нуди бесплатно пиво за време на „среќниот час“ секој ден од 17:30 до 18:30 часот, како и бесплатен појадок и кафе.

- Повратните информации се позитивни. Гостите се задоволни од уникатната атмосфера на хотелот и уживаат во ова ново искуство - вели претставникот.

Извор: Lonely Planet
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот