X
 20.11.2024 Живот

Клиники на бродови во Индија им ги спасуваат животите на граѓаните

Жителите на оддалечените острови на индиската држава Асам добиваат здравствена нега само на брод.

Посветени лекари и медицински сестри двапати месечно пловат со клиниките на вода и на тој начин ги спасуваат животите на најизолираните жители во земјата.

Овие пловечки клиники обезбедуваат основни здравствени услуги, како што се вакцини за деца и прегледи на трудници. Но, жителите на оддалечените острови немаат каде да одат ако станува збор за итен случај, поради што многумина умираат на пат кон болницата.



Извор: BBC
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот