Возот „Д-р Војно Јасенецки“ (Св. Лука) сообраќа на територијата Краснојарск, а во него луѓето можат да направат преглед, медицински тестови, рендген-снимки, ултразвук, па дури и да посетат стоматолог.
Фото: Russian Railways
Закажувањето е бесплатно според полисата за задолжително медицинско осигурување, како и во другите редовни клиники во Русија. Единствената разлика е во тоа што оваа „клиника“ пристигнува во едно зафрлено село и ги прима пациентите директно во вагоните.
Фото: Russian Railways
Станува збор за заеднички проект на руските железници и територијата Краснојарск. Минатата година возот посети 81 станица во Краснојарск и прими повеќе од 12.000 луѓе. Оваа година руските железници планираат да го лансираат медицинскиот воз „Св. Пантелејмон“, кој ќе работи на далечниот исток. Ќе има вагони за радијална, хируршка, лабораториска и функционална дијагностика.
Фото: Russian Railways
Покрај возовите, руските железници користат и автомобили за да стигнат до уште пооддалечени области. Тие патуваат до најблиската станица со специјален вагон, каде што се истоваруваат и потоа го возат остатокот од патот по патиштата. Во 2023 година лекарите прегледале 117.000 луѓе, главно во Сибир и на далечниот исток, на ваков начин.
Фото: Russian Railways
Извор:
rbth.com
Фото: Russian Railways