X
 20.12.2020 Живот

Оваа девојка и нејзиниот тим успеаја да соберат 8,5 тони ѓубре од Монт Еверест

Луѓето од целиот свет ни ја враќаат вербата во човештвото со своите дела, љубезност, труд и желба да го направат светот подобро место.

Една од нив е Мерион Шејно-Дупју, која ја освои наградата „Тере де Фемс“ во 2019 година, доделена од „Фондацијата Ив Рошер“ за нејзината работа во помагањето на расчистувањето на Монт Еверест од тоните ѓубре што луѓето ги оставиле додека се искачувале на оваа планина.

За 3 години од основањето на проектот „Чист Еверест“ во 2016 година, Мерион и нејзиниот тим успеале да расчистат 8,5 тони ѓубре пред да им биде доделена наградата за нивната напорна работа.

Еве уште еден интересен факт - количината на ѓубре што Мерион ја исчистила со тимот опфаќа три четвртини од целиот вештачки отпад на планината.

2

2

Но, ова не е ништо во споредба со идните планови на Мерион.

Мерион има тешка и амбициозна мисија: таа сака да го исчисти цел Еверест, а потоа и целиот планински масив Хималаите.

3

- Искачувањето на Еверест треба да понуди една од најчистите интеракции помеѓу луѓето и природниот свет. Но, во 2013 година, кога се искачив, сфатив дека планината е оштетена од 30 години експедиции. Проценив дека речиси 10 тони отпад беа фрлени само на врвот. Бев крајно шокирана - изјави таа во една пригода.

4

5

4

За Мерион, природата е витален дел од нејзиниот живот и ѝ помага да се чувствува жива. Затоа сака да помогне.

Загадувањето на Хималаите има влијание врз водата за пиење што ја користат околу 2 милијарди луѓе кои живеат во кинеските и индиските долини, па битката за расчистување на планините не е само заштита на природата. Се работи и за нашиот квалитет на живот.



Извор: Bored Panda
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот