X
 20.12.2021 Забава

Професор скрил парична награда во наставен план. Ниту еден студент не го прочитал

Кенјон Вилсон, професор по музичко образование на Универзитетот на Тенеси во Чатануга, навел информации за скриени пари во планот за следење на неговиот предмет, како награда за читање на планот. За жал, ниту еден од неговите студенти не ја добил наградата бидејќи никој не го прочитал планот.

Наградата од 50 долари била ставена во шкафче, во планот кој не го прочитал ниту еден од 71 студент на професорот. Не го прочитале иако Вилсон им кажал дека има новости во него.

- Аналогно е на правилата и условите кога инсталирате софтвер, секој означува дека ги прочитал, но никој не го прави тоа - изјавил Вилсон.


Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава