Суд во градот Велез-Малага во Шпанија пресудил маж да ѝ плати 204.625 евра на поранешната сопруга како компензација за домашните обврски што ги имала во текот на нивниот брак. Тие биле во брак 25 години.
Според пресудата, 48-годишната жена ги завршувала сите домашни работи, а истовремено работела во семејниот бизнис, каде што била одговорна за чистењето. Тие имаат две ќерки, а по разводот, секој го задржал имотот што го имал пред бракот.
Пресудата за компензација била донесена бидејќи жената била лишена од кариера поради нејзината посветеност на домот и на семејството. Од друга страна, мажот постојано ги зголемувал своите приходи во текот на бракот.
Извор:
Euronews
Насловна фотографија: Pixabay