За време на Втората светска војна, и покрај суровите услови на фронтот, војниците сепак успеале да ја прослават Новата година. Исто така, тие со нетрпение очекувале подароци.
Вообичаените обележја на новогодишните и божиќните празници: украсена новогодишна елка и подароци под неа, се чини дека биле оставени далеку за време на Втората светска војна. Но, војниците го давале максимумот за да се обидат да создадат некаква новогодишна атмосфера. Ако не можеле да најдат новогодишно дрво, тие наоѓале какво било дрво, па го украсувале со рачно изработени украси направени од завој и етикети од конзервирана храна, додека шарените бонбони ги ставале на врвот наместо ѕвезда.
Фото: Victor Kinelovskiy/Sputnik
Во пресрет на Нова година, тие постојано добивале разгледници и писма: само есента 1941 година издавачката куќа „Искуство“ во Москва испечатила 300.000 новогодишни честитки, а во текот на зимата биле направени околу 15 милиони картички. Тие прикажувале сцени од секојдневниот живот на фронтот, карикатури на војници на Хитлер и нормално, рускиот „Дедо Мороз“ како го победува непријателот.
Фото: Rbth
Илјадници пакети биле испратени на фронтот за Нова година - тоа било начин на кој луѓето можеле да ги поддржат најблиските и најсаканите. Тие ги собирале најнеопходните работи: топли чорапи, чизми, тутун, хартија за пишување, цигари, бонбони и бисквити. Во подготовка на подароците учествувале и државни фирми, фабрики, ученици и возрасни. Се сушел зеленчук, се печеле колачиња и се преработувало месо.
Во градовите и селата се организирало собирање на храна и облека: само во декември 1941 година 11 тони колачиња, бонбони, салами и јаболка биле испратени од Кујбишев до Северозападниот фронт. Луѓето честопати патувале до фронтот за лично да им ја честитаат Новата година на војниците и да им дадат подароци.
Фото: Rbth
Новогодишните подароци биле дури и свечено завикатни и ставени во мали платнени кеси со натпис: „Бранител на татковината“.
Кон крајот на декември 1942 година, откако советските трупи ја ослободиле станицата Котлениково во близина на Сталинград, војниците откриле вагони што ги оставиле Германците. Вагоните биле полни со луксузна храна. Така, Павел Ротмистров, командант на 7. оклопен корпус, одлучил дека тие ќе бидат совршени за прослава на Новата година. За брзо време биле поставени маси преполни со храна и шампањ. За да се комплетира прославата, на војниците им биле прочитани честитки од Сталин за победата.
Фото: Rbth
Но, некогаш и обичните компири биле доволни за да создадат празнично расположение.
Фото: Victor Kinelovskiy/Sputnik