Повеќето од желбите на студентите се поврзани со успех за студиите, но има и понекоја љубовна желба и, секако, сатирични коментари
Студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ почнаа да ja китат елката во холот со своите новогодишни желби. Традицијата на оставање сатирични пораки испишани на ливчиња стана симбол за убава студентска предновогодишна атмосфера на овој факултет. Секој што ќе помине, застанува, ги чита пораките. Се смеат и студентите и професорите. Повеќето од желбите на студентите се поврзани со успех за студиите, но има и понекоја љубовна желба и, секако, сатирични коментари.
„Знам дека многу барам, ама 6-ка Граѓанско е сѐ што ми треба“. Ова го посакал еден студент и го оставил бројот на својот индекс.
Еве ги и останатите студентски желби што ги забележавме, но елката секој ден се збогатува со нови пораки:
„Гелев сакам да ми биде кум на свадба“.
„Марко Кртолица за претседател“.
„Да ме сака Џанче“.
„Да им бидам асистент на Каневчев и Тупанчевски“.
„Да положиме сѐ во рок. Маца. Теа“
„Да магистрирам побрзо“.