X
 21.02.2020 Забава

Секоја ноќ некој му ја средувал работилницата - британски пензионер објави снимка од таинствениот чирак

Британецот Стивен Мекрис почнал да си го преиспитува здравиот разум кога сфатил дека некој го поместува алатот во неговата работилница. И тоа не за да го расфрла наоколу, туку уредно го пакувал во кутија сето она што Стивен го оставал.

Стивен бил збунет, но одлучен да ја реши мистеријата. Една вечер тој целосно ја испразнил кутијата со алат и ситни работи. Бил шокиран кога изутрината сите предмети ги нашол ставени во кутијата.

Пензионерот замолил еден сосед да му помогне да постави камера во работилницата за конечно да открие кој е добриот дух. Следното утро и двајцата биле многу изненадени. Таинствениот чирак на Стивен бил глушец.



Сепак, можеби најинтересниот дел од целата приказна се коментарите за видеото.

- Не, тој не ги средува работите. Ги собира сите компоненти што се потребни за да изгради мала временска машина, за да се врати и да ги елиминира сите мачки - се шегува еден корисник на „Јутјуб“.

Друга корисничка, пак, пишува дека нејзините деца веќе нема да имаат изговори. Ако глувчето може да средува алати, и тие можат да си ги исчистат собите.

Извор: National Geographic
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава