Истражувачите сметаат дека Земјата настанала со соединување на две помали планети пред 4.5 милијарди години.
Првично се верувало дека Месечината настанала кога друга планета наречена „Theia“ се „изребала“ од Земјата, па се распрснала и позади себе ја оставила Месечината. Но, ако е така, тогаш Месечината би имала различен хемиски состав од Земјата, бидејќи на неа би останале траги од другата планета.
Новите студии на Универзитетот во Калифорнија откриле како изотопи на кислород од Месечината не се разликуваат од изотопите на кислород на
Земјата. Тоа откритие доведува до заклучок дека судирот на двете планети бил толку силен што предизвикал соединување на планетите па истовремено сето тоа придонело и до создавање на Месечината.
„Остатоците од планетата „Theia“ се видливи во еднаква мера и на планетата Земја како и на Месечината“, истакнуваат научниците. „Тоа објаснува зошто не гледаме разлики во хемиските состојки на Земјата и Месечината. Ако „Theia“ преживеала судир, веројатно би била еднаква или со слична големина како на денешната планета Земја“, стои во списанието „Science“.