X
 23.04.2017 Наука

Како изгледаат земјотресите од внатрешноста на Земјата?

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа земјторес од внатрешноста на Земјата? Токму на ова прашање се обидува да одговори „The SeismoDоme“ од „Hayden“ плантеариумот во Њујрок. Геофизичарот Бен Холцман и музичарот/дизајнерот на звук Џејсон Кендлер создадоа интересно видео користејќи анимација и податоци од вистински земјотреси.

Тие го забрзале звукот кој го емитува земјотресот, обично на фреквенција премногу ниска за човечкото уво, и прикажуваат како Земјата може да продолжи да „ѕвони“ со месеци после земјотреси со голема магнитуда. Тие се надеваат дека нивното истражување може да доведе до побезбедна иднина.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука