X
 15.05.2019 Живот

Во најдлабокиот дел од океанот пронајдени нови видови суштества, но и пластична кеса

Еден американски истражувач го завршил она што тврди дека е најдлабокото нурнување на човекот снимено некогаш. На површината се вратил со застрашувачка вест - во најдлабокиот дел од океанот има пластично ѓубре.

Виктор Весково успеал да нурне до 10.927 метри, до дното на бездната Чаленџер, јужниот крај на Маријанскиот ров во Тихиот Океан, како дел од мисијата за набљудување на најдлабоките подводни места во светот. Тој поставил рекорд за најдлабоко соло-нуркање во историјата. Претходниот рекорд го држеше режисерот на „Титаник“, Џејмс Камерон, во 2012 година.

Освен четири нови вида што можат да понудат показатели за потеклото на животот на Земјата, Весково забележал и пластична кеса и пакување од бонбони на најдлабоката точка на планетата.

За Весково, нурнувањето во морските длабочини е поврзано со тестирањето на границите на човековите напори, како и со научните откритија.

- Мислам дека одењето до екстрем е природна склоност на човекот. Мислам дека тоа е прекрасен дел од човечката природа што нè тера да сакаме да ги поместиме границите - вели тој.

Мисијата на Весково беше да спроведе детално, сонарско мапирање на петте најдлабоки места во нашите океани. Освен Маријанскиот ров, сега се завршени истражувањата за Порториканскиот ров, Јужносендвичкиот ров во Јужниот Атлантски Океан и Џава ровот во Индискиот Океан. Следно е патувањето на дното на неистражената Молој бразда во Арктичкиот Океан, што треба да биде завршено во август 2019 година.

Длабочините на океаните се најмалку истражуваните и најоддалечени места на планетата. Маријанскиот ров е поголем од Монт Еверест.

Клучната цел на мисијата беше да се направи видеодоказ за тоа што има на дното на Чаленџер, кој првпат бил истражуван во 1960 година од океанографите Дон Волш и Жак Пикард.

- Барав на дното различен див свет, потенцијално уникатни геолошки формации или карпи, вештачки објекти. Се обидував и да видам дали има уште подлабока локација од онаа во 1960 година - вели Весково.

Откритијата во Челенџер вклучуваат живописно шарени карпести видови што би можеле да бидат хемиски наслојки, амфиподи и морски краставици. Тимот соопшти дека научниците ќе извршат испитувања на пронајдените суштества за да го утврдат процентот на пластика што во нив.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот