X
 14.09.2022 Здравје

Промената на должината на денот го менува однесувањето на луѓето

Промената на должината на денот, односно сезонските промени во дневното количество светлина, влијаат врз човечкото однесување, но и врз спиењето и хормоните.

Подолгите денови во текот на летото, а пократките во текот на зимата може да предизвикаат сезонско афективно нарушување, што претставува вид депресија која се јавува поради помалата изложеност на природна сончева светлина. Терапијата со силна светлина се покажала како ефикасен лек за лекување на оваа состојба, како и за несезонската депресија, постпородилна депресија и биполарно нарушување. Меѓутоа, сезонските промени во должината на денот и изложеноста на светлина го менуваат мозокот.

Во ново истражување објавено овој месец истражувачи од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, користеле глувци за да ја истражуваат оваа проблематика. Било забележано дека погодените неврони го менуваат однесувањето на невротрансмитерите како одговор на промените во должината на денот, предизвикувајќи поврзани промени во однесувањето.


Фото: Pixabay

Човечкиот организам има „мерач“ на време кој ги регулира повеќето циркадијански ритми, а однесувањето го следи циклусот од 24 часа. Овој систем влијае врз сѐ, од метаболизмот и телесната температура до ослободувањето на хормони. Во новото истражување научниците опишуваат како невроните се координираа меѓу себе за да се приспособат на различната должина на дневната светлина, менувајќи се на клеточно и на мрежно ниво.

Се покажа дека сезонските промени во изложеноста на светлина го менуваат бројот на неврони во делот од мозокот кој игра улога во контрола на стресот, метаболизмот, растењето, репродукцијата, имунолошките и другите автономни функции.

Авторите посочуваат дека нивните откритија обезбедуваат нов механизам кој објаснува како мозокот се приспособува на сезонските промени. Понатаму, ова може да се користи за наоѓање нови третмани за состојбите поврзани со изложеноста на светлина.

Извор: Eklinika
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје