Оние што планираат да патуваат во Шпанија или Португалија во текот на август треба да знаат дека се очекуваат штрајкови на некои аеродроми во овие држави.
Вработените во аеродромите во Португалија планираат да штрајкуваат на 5 и 6 август, откако веќе беше одржан штрајк на 31 и 31 јули. Штрајковите треба да ги погодат сите аеродроми во Португалија и може да предизвикаат одложувања или дополнително чекање.
Штрајковите не треба да доведат до целосен прекин на работата на аеродромите бидејќи владата побарала да се овозможи непрекината работа со минимален кадар. Вработените бараат подобри плати за работата за време на празниците.
Во Шпанија се очекуваат проблеми на аеродромот „Ел прат“ во Барселона поради планиран штрајк на вработените кои нудат услуги за обезбедување. Штрајковите треба да траат од 10 до 14 август. Меѓутоа, вработените ќе штрајкуваат во смени, односно нема да работат од 4 до 7 часот наутро, од 9 до 11 часот наутро и од 16 до 20 часот попладне.
Вработените ќе штрајкуваат поради непочитување на правилата за пауза од страна на работодавачот. Освен тоа, тие бараат бесплатни места за паркирање на аеродромот.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија: Pixabay