X
 11.05.2020 Наука

Португалија подготвува проекти за чиста енергија вредни милијарда долари

Поштедена од последиците од пандемијата на коронавирусот што ги претрпе соседна Шпанија, Португалија има прилично голема цел - по пандемијата да лансира серија проекти за чиста енергија што би можеле да генерираат 5,5 милијарди евра во европските инвестиции за енергија.

Новата фабрика за соларна енергија во близина на пристаништето „Синес“ е модерен „зелен“ хидроелектричен проект што произведува електрична енергија преку процес наречен електролиза и би можел да придонесе 1 гигават моќност до 2023 година, ако пристигнат инвестициите.

- Нашата визија по коронавирусот е да се создаде богатство од проекти што ќе ги намали емисиите на јаглерод и ќе промовира енергетска транзиција и одржлива подвижност - изјави министерот за животна средина и транзиција на енергијата, Матос Фернандес.

Фернандес рече дека и португалските и холандските енергетски фирми веќе покажуваат интерес за хидроцентрала, така што се формира еден од најголемите индустриски проекти и можности во земјата.

Исто така, Матос изјави дека Португалија ќе лансира аукција за лиценцирање на соларна енергија, каде што меѓународните енергетски фирми ќе имаат шанса да конкурираат за врвни соларни недвижности, бидејќи Португалија е една од најсончевите земји во Европа.

1
Фото: Good News Network

Првично предвидени да почнат во април, аукциите беа одложени поради пандемијата. На аукција се 16 места за соларна централа што ќе дадат 700 мегавати, во јужните региони Алгарве и Алентејо.

Португалија претходно имаше успех со аукции за лиценцирање на енергија, како минатиот јуни кога продаде 1.150 мегавати соларна енергија со рекордна ниска цена - главно на меѓународни инвеститори за енергија од Велика Британија, Шпанија, Франција и од Германија.

Во 2016 година 28 отсто од националната енергија потекнуваа од обновливи извори. Во текот на таа година тие воспоставија европски рекорд за целосно напојување на земјата со обновливи извори на енергија четири дена по ред.

Пред 11 години Португалија генерираше повеќе СО2 од Бангладеш. Сега, нејзините планови за 2030 година се производство на 7.000 мегават-часа чиста енергија.

Извор: Good News Network
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука