X
 21.03.2022 Живот

„Орцашка вечер на поезијата“ во гимназијата „Орце Николов“

Денеска во 18 часот во скопската гимназија „Орце Николов“ ќе се одржи „Орцашка вечер на поезијата“. Настанот го организираат професорката по македонски јазик и литература Драгица Јанкуловска и учениците Емрах Јусуфоски, Јована Стаматовска, Деспина Стојмировска и Карло Јовановски.

Организаторите велат дека Светскиот ден на поезијата, Денот на пролетта и одбележувањето на почетокот на „Деновите на Орце“ ќе се проследат преку стиховите на млади поети и поетеси, кои со огромна емоција и извонредна интерпретација ветуваат дека ќе допрат до душите на сите присутни.

На поетското читање, кое има цел да ги собере сите љубители на поезијата и уметноста, ќе присуствуваат поетите и поетесите Ана Голејшка, Билјана Стојановска, Владимир Мартиновски, Јулијана Величковска и Никола Маџиров, како и сегашни и поранешни ученици во „Орце Николов“.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот