X
 21.04.2018 Живот

Храбар проект на јутјубери: тура низ Фукушима

Двајца јутјубери успеале да влезат во градот Фукушима во Јапонија, напуштен од 11 март 2011 година кога настана нуклеарната катастрофа.

На трејлерот за серијата од неколку снимки може да се види како групата вози низ црвената зона, во која е забранет влезот и на чија територија не е дозволено да застанат возила. Во Фукушима може да се влезе само со посебна дозвола, која екипата ја немала.

Наоколу може да се видат запуштените згради, а една од најтажните глетки на снимката се календарите, кои уште покажуваат март 2011 година.

Групата чекала да падне ноќ и влегла во градот, кој пред седум години го напуштија околу 200.000 луѓе. Несреќата во Фукушима е втора по големина по нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот