X
 07.02.2022 Забава

Јутјубери за една година изградиле реплика на „бугати широн“

Виетнамски вљубеници во автомобилите една година работеле на верна копија на „бугати“, која сега, барем однадвор, изгледа како оригиналот.

Неодамна на „Јутјуб“ се појави видео од виетнамски вљубеници во автомобили на каналот „NHẾT TV“. Тие минале една година изработувајќи со свои раце, од нула, реплика на „бугати широн“ и целиот процес го снимале со камери. Во текот на годината објавија триесетина видеа на кои можеше да се види процесот на изработка, а сега е достапна и снимка од едногодишната работа во едно 46-минутно видео.

На видеото може да се види како настанал глинениот модел на „широн“, потоа како бил вграден мотор, како каросеријата го добила крајниот изглед, моделиран во стакло-пластика, но и како виетнамската „направи сам“ верзија на „широн“ била доведена во возна состојба.

Наместо напредните материјали што ги користи „Бугати“, оваа реплика настанала од челик и стакло-пластика, но завршната обработка, полирањето, стаклата, ЛЕД-светилките - сето тоа покажува дека тимот навистина се потрудил околу многу детали. Не е ни чудно што видеото за само неколку дена е погледнато речиси 4 милиони пати.

Погледнете го и вие.



Извор: Autonet
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава