Издавачкиот центар ТРИ со радост почнува еден возбудлив, креативен и малку поинаков предизвик во ова карантинско време што го поминуваме дома. Тој е насочен кон креативното изразување на најмладите и е инспириран од книгата „Која е бојата на бакнежот“ од Росио Бониља, сликовница издадена со поддршка од Европската Унија во рамките на проектот „Креативна Европа“.
Што значи овој предизвик?
Главната хероина во илустрираната книга е малечкото девојче Минимони што ги запознава сите бои во нивните природни нешта. Најинтересно ѝ е кога треба да го обои бакнежот – она убаво чувство кога сме сакани и згрижени од најдрагите.
Токму затоа, со почеток од 21 април, ТРИ го објавува овој предизвик и ги мотивира сите мали и големи деца да цртаат, да бојат и да фантазираат!
Цртежите треба да се праќаат во инбокс на профилот на Издавачки центар ТРИ на „Фејсбук“ и да се објавуваат на вашите профили на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ со хаштазите #БојатаНаБакнежот и #ЦртајДома.
Бројот на цртежи и темата не се ограничени.
Сите цртежи ќе бидат реобјавувани, а за најинтересните ќе следуваат многу изненадувања. Повикот за објавување на делата од Цртачкиот предизвик трае до 6 мај.
(Комерцијална објава)