X
 20.01.2023 Економија

Владата на Египет ги повика граѓаните да јадат пилешки нозе поради кризата

Економската ситуација во Египет е толку тешка што владата на оваа држава бара од граѓаните да јадат пилешки нозе, кои се симбол за сиромаштија во државата.

Најнаселената арапска земја се соочува со криза на националната валута и најлошата инфлација во последните пет години. Храната е толку скапа што многу не може да дозволат да купат пилешко месо. Еден килограм пилешко во 2021 година чинел 30 египетски фунти (57 денари), а сега чини 70 египетски фунти (133 денари).

Растот на цената го навел Националниот институт за исхрана да ги повика граѓаните да јадат пилешки нозе. Многу жители ја критикувале владата бидејќи им порачала да јадат храна која во Египет е симбол за екстремна сиромаштија. Станува збор за најевтина месна намирница и повеќето луѓе ја сметаат за отпад, а не храна.

По повиците од владата, цената за еден килограм пилешки нозе наводно двојно се зголемила на 20 египетски фунти (38 денари).

Според официјалните податоци, 30 отсто од населението на Египет е под границата на сиромаштијата. Според податоци од Светска Банка од 2019 година, во оваа држава 60 отсто од населението било сиромашно или ранливо.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија