Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава во земјава изнесувала 24.590 денари и е за 3,8 отсто повисока од март лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување, посочуваат од ДЗС, се должи, пред сѐ, на порастот на нето-платите во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (11,4 %), земјоделство, шумарство и рибарство (8,2 %) и транспорт и складирање (7,8 %).
Зголемување на нето-платата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (9,5 %), информации и комуникации (8,5 %) и рударство и вадење на камен (6,0 %).
Според податоците на ДЗС, пак, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2019 година изнесувала 36.476 денари.
Извор: МИА