X
 03.06.2024 Живот

Невестите во просек на 27,5 години, младоженците на 30,1 - лани во Македонија биле склучени 12.672 бракови

Бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со 2022, е намален за 1,6% и изнесува 12.672, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најмногу бракови, 1.597 или 12,6%, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 730 бракови или 5,8%. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93,2% за жените и 92,2% за мажите.

Во втор брак со учество од 7% и во трет брак со учество 0,8%, од вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2023 година, според возраста, најмногу бракови се случиле во старосната група од 25 до 29 години, односно 4.228 или 33,4% кај жените и 4.450 или 35,1% кај мажите.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27,5 години за невестата и 30,1 година за младоженецот.

Бројот на разводи во 2023 година бележи зголемување од 9,4% во споредба со 2022 година и изнесува 1.765 разведени брака.

Најмалку бракови во текот на годината се разведени во месец август, односно 66 или 3,7%, а најмногу, односно 201 или 11,4% во месец декември.

Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години, од кои 310 или 17,6% кај жените и 295 или 17,6% кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи 393 или 22,3% се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот