Мус, 8-годишно куче за антистресна терапија на Универзитетот „Вирџинија Тек“ во Вирџинија, САД, доби почесен докторат по ветеринарна медицина во петокот за време на виртуелната церемонија за дипломирање на универзитетот.
Од универзитетот велат дека Мус, таму пристигнал во 2014 година. Тој е едно од четирите кучиња во центарот за советување кои служат како животни за терапија при работата и амбасадори за свест за менталното здравје. Во 2019, кучето било прогласено за херој поради неговата работа од страна на Асоцијацијата за ветеринарна медицина во Вирџинија.
На кучето му бил дијагностициран рак на простатата во февруари, веднаш по неговиот роденден, и тоа веднаш започнало терапија за лекување на колеџот по ветеринарна медицина при универзитетот. Сопственикот на Мус, Трент Дејвис, вели дека Мус продолжува со хемотерапијата, но добива одлична грижа од страна на вработените на универзитетот.
View this post on Instagram
Moose is so happy to serve the Hokie Nation, sharing smiles, tail wags, and his calming presence. On Friday, he humbly accepted an honorary doctorate from @vamdvetmed. We often say that we will never know Moose’s full impact. He is beloved by so many. The story of his DOG-torate has been making a splash nationally and internationally, and we are thrilled to know that Moose’s story is bringing hope and smiles to people all over the world. Moose leads his junior colleagues, Wagner, Derek, and Carson as the therapy dog team continues to serve at VT. #utprosim . Congratulations, Dr. Moose! See links in bio. @virginia.tech @vtmdvetmed @studentsatvt @cookcounselingcenter @vtrecsports @hokiewellness @hokiesports @servicedogsva @guidingeyes @camilleschrier @the_hokiebird @vtgrowley #hokies @hokiepets @huffpost @goodmorningamerica @hodakotb @todayshow @latenightseth @fallontonight @theellenshow @colbertlateshow
A post shared by Moose, Derek, Wagner & Carson (@vttherapydogs) on
Според универзитетот, Мус помогнал во над 7.500 сесии за советување и над 500 настани во неговите шест години на универзитетот. Кога не работи, тој сака да плива, да игра и да јаде.
Автор: Елизабет Тајри
Извор:
wset.com
Фото: Instagram