За време на новогодишните празници домашните миленици се меѓу најчестите подароци, но сè повеќе иницијативи нè потсетуваат дека посвојувањето е поодговорен избор од купувањето - еден таков пример е овој центар во Турција. Од оваа идеја се појави „Пако стрит анимал соушал лајф кампус“ - кампус замислен не само како азил, туку и како простор каде што се градат долгорочни односи меѓу луѓето и животните.
Со јасно организирана мрежа од отворени и затворени простори насочени кон интеракција на луѓето и кучињата, со секогаш присутната тема на посвојување, комплексот сместен на парцела од 110.000 м² во близина на турскиот град Измир е дизајниран од архитекти од „Мерт Услу архитектура“.

фотоизвор: Pako Street Animal Social Life Campus/Screenshot
Засолништата се поставени по должината на северниот и јужниот раб на парцелата и се одделени со централна зона во која се сместени отворен амфитеатар, административни единици и сместување за кученца. Единиците за ветеринарни услуги, карантин и азил за агресивни кучиња се наоѓаат во источниот дел од локацијата. Овие единици, кои ја формираат основата на проектот, се дизајнирани да одговорат на вообичаените проблеми на азилот, како што се хигиената, безбедноста, пристапноста и недостигот на зелени површини, преку отворени и удобни простори со пријатни пејзажни елементи, кои вклучуваат тревни и земјени површини и дополнително го интегрираат комплексот во околниот пејзаж.
Нагласени зелени и сини ѕидови
Дизајнот и просторната организација на единиците на азилот биле развиени врз основа на одлуки за обезбедување доволно простор за живеење, природно осветлување и вентилација, како и автоматски системи за водоснабдување. Исто така, важно било да се обезбедат пријатни елементи во рамките на затворените простори, што било постигнато со акцентирани зелени и сини ѕидови.

фотоизвор: Pako Street Animal Social Life Campus/Screenshot
Безбедни влезови и работа со деца
За да се обезбедат безбедни влезови и излези за просториите за сместување наменети за персоналот што се грижи за кучињата, биле дизајнирани два влеза. Во рамките на административната зона се обезбедени дополнителни простори за едукативни семинари и работилници за грижа и посвојување на кучиња.
Покрај тоа, образовните институции специјализирани за работа со деца со попреченост можат да ги користат и можностите за рехабилитација преку интеракција човек-куче што ги нуди овој центар. Бетонските ѕидови, кои исто така служат како изложбени области, прикажуваат и информации за кучињата што престојуваат во центарот. Тие им обезбедуваат на посетителите клучни информации за физичките карактеристики и однесувањето на секое куче поединечно.
Амфитеатарот како централна точка на комплексот
Амфитеатарот сместен во центарот на проектот е централна точка на целиот комплекс. Им овозможува на посетителите да остварат контакт со кучиња што ги разгледуваат како потенцијални домашни миленици.

фотоизвор: Pako Street Animal Social Life Campus/Screenshot
Пример за други азили
Во согласност со проектните задачи и основната намена на центарот и враќањето на животните во нивната природна средина по закрепнувањето, еколошки интегрираниот дизајн на кампусот е поставен како можен преседан за идните објекти од ваков вид.
Извор:
gradnja.rs
Фото: Pako Street Animal Social Life Campus/Screenshot