Ако имате куче, сигурно сте слушнале за правилото дека една кучешка година е еднаква на седум човечки години. Сепак, се покажало дека таквиот метод на пресметка е погрешен. Научниците откриле нова формула која може точно да го одреди бројот на години.
Како стареат кучињата?
Стареењето не е исто кај секое куче. Помалите кучиња живеат подолго и созреваат побавно, додека спротивното важи за поголемите кучиња. Научниците заклучиле дека секои 4,4 килограми телесна тежина го намалуваат животниот век на кучето за околу еден месец. Слично на тоа, кучињата стареат побрзо во нивните рани години, а процесот на стареење се забавува во подоцнежните фази од животот. Годината на секое куче не е еднаква, ниту стареењето кај различните раси.
На возраста на кучето влијае и генетиката, па кучето може да има склоности да наследува болести. Се разбира, голема улога игра начинот на живот на кучето, како што се неговата исхрана, движењето и медицинската историја.
Како да се пресмета возраста на кучето?
Калкулаторот што покажува како да се пресметаат годините на кучињата е направен според водичот и препораките на Американското ветеринарно медицинско здружение и се наведува следното:
- Првата година од животот на кучето со средна големина е еднаква на првите 15 години од животот на човекот.
- Втората година од животот е еднаква на 9 човечки години.
- Секоја следна година од животот на кучето е еднаква на околу пет човечки години.
Смислена е друга формула за пресметување кучешки години во човечки години, која се базира на методот на египетски часовник. За да ги пресметате годините на кучето, треба да го пронајдете природниот алгоритам на возраста на вашето куче (Ln), потоа да го помножите тој број со 16 и да го додадете бројот 31.
Формула за кучешки во човечки години: 16 x ln (кучешки години) + 31 = човечки години. Алгоритамот за старост можете да го најдете
ТУКА.
На пример, ако вашето куче има 12 години, тоа е 71 година кај луѓето. Формулата изгледа вака: 16 x 2,5 + 31 = 71.
Кои се знаците на стареење кај кучињата?
-седи влакна
-слаб вид и заматени очи
-проблеми со слухот
-вкочанетост на мускулите и зглобовите, артритис
-пониско ниво на активност
-промени во однесувањето (зголемена анксиозност, конфузија, раздразливост).
Сопствениците тешко го прифаќаат стареењето на кучето, па затоа е неопходно да се искористи секој заеднички момент.
Извор: net.hr
Фото: Freepik