Во близина на Фериленд, Њуфаундленд, Канада се појави огромен санта мраз висок 45 метри.
Фото: Greg Lock/Reuters
Локалните жители кои живеат покрај познатата Ледена Алеја во Њуфаундленд се навикнати на тоа да гледаат санта мраз секоја пролет. Меѓутоа овој пат, дури и постарите жители беа изненадени од големината на мразот.
„Ова е необично голем санта мраз“, изјави градоначалникот Адријан Кавана. „Сите се посебни на свој начин“, додава тој.
Мразот се појавил пред три недели, на почетокот на нивната сезона по должината на северното атлантско крајбрежје. Секој април се појавуваат вакви ледени брегови и пловат јужно понесени од струјата, на патување кое ги носи покрај Лабрадор и Њуфаундленд и кон отвореното море. Сезоната започнала порано оваа година поради бура во март поради која се распаднал мразот повеќе од вообичаено. Ова парче мраз лебдело близу до брегот и заглавило.
Американската крајбрежна стража соопшти дека досега се појавиле најмалку 600
ледени брегови, за разлика од претходно кога овој период од годината се појавуваат околу 80.