X
 21.06.2017 Наука

Бактериите по кашлањето и кивањето остануваат во воздухот дури и до 45 минути

Истражувачите развиле нова техника за да проучуваат како бактериите од болестите се шират и можат да опстанат во средината по кашлање и кивање.

Тимот на научници открил дека дел од бактеријата „pseudomonas aeruginosa“, која е поврзана со инфекции и се исфрла од кивање или кашлица, живее 10 минути, но може да се задржи во воздухот околу 45 минути. Исто така, научниците откриле дека бактериите се шират во радиус од 4 метри откако ќе бидат искашлани во воздухот.

Иако ваквите видови бактерии до сега се прилично добро анализирани, сепак, научниците не разбираат комплетно како кивање или кашлање може да ја рашири инфекцијата. Со новата техника тие дознале дека по кашлањето капките кои излегуваат во воздухот брзо се сушат, се ладат и остануваат во воздухот.

Делумно се деградираат преку контакт со кислород во воздухот. Поголемиот дел од бактериите во овие капки умираат многу брзо, но научниците увиделе дека некое помало подмножество останува живот повеќе од 10 минути, што значи дека некои бактерии се отпорни на брзото биолошко распаѓање.

Научниците не се сигурни зошто ова се случува, па нивната хипотеза е дека постои поврзаност со тоа каде се формираат капките во респираторниот тракт, а игра улога и самата големина на капките кои се искашлуваат или киваат. Во зависност од тоа каде се формирани, тие со себе носат различни бактерии.

Научниците ќе продолжат со понатамошни истражувања, но по ова се препорачува да се покрива устата за време на кашлање и кивање и задолжително потоа да се мијат рацете.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука