Хрватските власти решија да ги зголемат квотите за увоз на работна сила од странство.
-Зголемувањето на квотите беше неопходна мерка за да им се помогне на работодавците. Единствената алтернатива беше да се стави клуч на врата или да страда квалитетот на работата, што во екот на туристичката сезона е погубно. Но победи гласот на разумот и сослушан е гласот на бизнисмените. Сега кога ќе го изгасиме тој пожар, можеме да продолжиме да работиме на новиот Закон за странци, кој целосно ќе ги укине квотите - истакна претседателот на Хрватската стопанска комора, Лука Буриловиќ.
Тој ја поздрави одлуката на хрватската влада за зголемување на квотите за увоз на работна сила од 2.000 работни дозволи за туризам и 1.000 за градежништво.
-За градежништвото ќе видиме како стојат работите кога повторно ќе започне работата во септември. Постои можност да има потреба од дополнително зголемување на квотите. Ова е и дополнителна потврда дека на крајот системот на квоти веќе не функционира бидејќи ќе се доведеме во ситуација постојано да мораме да бараме дополнителни работни дозволи - истакна Буриловиќ.
Тој додаде и дека ги поддржува построгите услови за оние на завод кои повеќе пати одбиваат работа.
-Секако дека прво треба да се побара меѓу домашната работна сила. Но, ако не оди, бизнисмените не можат и не треба да чекаат. Сега мораме да продолжиме да ја интегрираме популационата политика во нашата долгорочна развојна стратегија со останатите долгорочни мерки, пред се, прилагодувањето на образовниот систем на пазарот на труд - заклучи
Буриловиќ.