Само 3 отсто од работниците во Македонија имаат скратено работно време или во текот на денот се ангажирани пократко време на повеќе работни места, покажува статистиката на „Евростат“.
Во 2018 година луѓето на возраст од 20 до 64 години кои работеле со скратено работно време во Европската Унија изнесува 19 отсто.
Фото: „Евростат“
Во 2005 процентот изнесувал 17 отсто, па полека се зголемувал кога во 2010 година стигнал до 18%, а во 2012 до 19 отсто. Веќе шест години процентот е ист.
Помеѓу земјите-членки на ЕУ, Холандија има највисока ставка на ангажирање работници со скратено работно време – дури 47%. Следни на списокот се Австрија (28%) и Германија (27%).
На другата страна на скалилото за Хрватска и Словачка (двете со по 5%), Унгарија (4%) и Бугарија со 2 отсто.