X
 10.04.2017 Живот

ЕУ ја укина одредбата која создаде хаос на границите

одредба
Фото: Pixsell

Откако Хрватска заедно со уште неколку земји од ЕУ предупреди за проблемите со гужвата на границите поради строгите контроли кои ги наметна ЕУ, Димитрис Аврамопулос, комесарот на ЕУ за миграција, внатрешни работи и државјанство, одобри привремено да се укине примената на оваа одредба.

Деталната проверка на граѓаните на ЕУ и останатите нема да се спроведува на граничните премини на внатрешната граница кон Република Словенија и Унгарија. Наместо тоа, се активираат контроли кон државјаните на Европската економска област и Швајцарската Конфедерација.

„Во текот на денешниот ден, комесарот Аврамополус беше запознат со проблемите кои доведоа до непропорционално влијание врз протокот на сообраќај и е договорено привремено да се укине одредбата за граничните премини кон Република Солвенија и Унгарија„, велат од хрватската полиција.

Одредбата стапи на сила во петокот, со што беше предизвикан хаос на хрватските гранични премини. Станува збор за одредба (ЕУ) 2017/458 на Европскиот парламент и Советот од 15 март оваа година за зајакнување на контролата на проверки на релевантни бази на податоци на надворешните граници.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот