Нова роботска риба-лав може да плива благодарение на вештачки циркулаторен систем кој пумпа вештачка крв направена од батериска течност околу разните компоненти и мотори.
Вештачката крв му овозможува на роботот да зачувува 325 проценти повеќе енергија отколку што носел во одделна батерија - доволно течност за да си плива цели 37 часа. Иако рибата не може да плива многу брзо или да оди многу далеку, нејзиниот крвоток е импресивен пример за тоа како имитирањето на биолошките организми може да им помогне на новите генерации роботи да станат понезависни и поефикасни од кога и да е.
Роботската крв не само што зачувува енергија, туку и ја заменува хидрауличната течност која вообичаено би се движела низ перките на роботот. Тоа му помага на роботот да достигне брзина од 0,1 инчи во секунда.
Елиминацијата на батериите и хидрауличните течности би можела да им даде на роботите доволно енергија за тие да станат поавтономни и да оперираат подолго време без
надзор.