X
 21.06.2020 Живот

Тајланд отсега ќе прима само богати туристи

Стратегијата за заживување на туризмот на Тајланд вклучува привлекување само богати туристи кои бараат приватност и социјално дистанцирање во ерата на Ковид-19, наместо привлекување голем број туристи.

Пандемијата нуди можност за промена во секторот, кој на Тајланд стана многу зависен од кинеските групи и штедливите туристи. Откако Тајланд ќе ги отвори границите и ќе се договори за таканаречените „патувачки балони“ со другите земји, сите маркетинг-кампањи на државата ќе бидат насочени кон побогатите лица кои сакаат одмор со минимални ризици, изјавил министерот за туризам Фифат Рачакитпракарн.


Фото: Pixabay

На почетокот владата ќе дозволи влез за мал број туристи, како бизнисмени или медицински туристи, а подоцна ќе почне да поканува претходни посетители во некои од тајландските луксузни одморалишта. Од туристите можеби ќе се бара тестирање за Ковид-19 пред патувањето и по пристигнувањето, а тие ќе треба и да одберат остров и да останат на него одреден период.

Овие туристи ќе може слободно да се движат на островот што ќе го одберат и ќе може да го напуштат по 14 дена. Сепак, првите туристи што би пристигнале на Тајланд ќе чекаат најмалку до август, според министерот.


Фото: Pixabay

Првите патувачки балони веројатно ќе бидат договорени со Јапонија и Австралија, а се размислува и за пуштање туристи од некои кинески градови и провинции

Тајланд планира да има 10 милиони туристи оваа година, што е една четвртина од бројот забележан минатата година.

Автор: Натнича Чувируч
Извор: bloomberg.com

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот