Универзитетот во Костарика го лансира првиот механички респиратор дизајниран и изработен во оваа земја.
Лекарите од Универзитетот во Костарика успеале да го развијат првиот неинвазивен респиратор за пациенти заболени од Ковид-19. Наречен „Флуксус Маск“, уредот е и машина за дишење и
маска што го спречува ширењето на коронавирусот. Респираторот бил создаден поради зголемена загриженост дека Ковид-19 брзо се шири на глобално ниво и нема да има доволно механички респиратори ако пандемијата ескалира.
Многу погодени земји (САД, Италија, Франција, Бразил) не успеале да одговорат на зголемената побарувачка за респиратори. Традиционален респиратор може да чини и до 50.000 долари, особено ако се купува на црниот пазар, додека просечната цена е 10.000 долари. Респираторот на Костарика ќе чини 2.000 долари.
Дизајнерите Жан Карло Сегуера Апарисио и Лизбет Салазар Санчес од Училиштето за медицина при Универзитетот во Костарика, Олман Коронадо Гарсија, респираторен терапевт и Мигел Имабх Бартол заедно со Пабло Гонзалес Лукас соработувале преку компанијата „Лукас електрохидраулика“: Групата работела четири месеци со неверојатно темпо за да го развие првиот прототип, кој сега ги помина сите прелиминарни клинички тестирања и чека овластување од министерството за здравство.
„Флуксус маск“/Фото: News.co.cr
„Флуксус маск“ е уникатен респиратор затоа што не зависи од електрична енергија за да функционира. Многу рурални здравствени клиники, како и многу амбулантни возила, немаат сигурен извор на електрична енергија. Друга предност е што пациентите не треба да се интубираат, така што маската е неинвазивна. Освен тоа, респираторот ќе има ниска цена за производство.
Тимот избрал да работи само со материјали што можат да се набават локално и локално достапни филтри, вентили и цевки. Филтрите се перат и можат повторно да се употребат. Биле направени сите напори за да се дизајнира уред што ќе биде 100 отсто произведен и сервисиран во Костарика.
Основната цел на тимот била да спречи пациентите да стигнат до толку критично ниво на болеста за да биде потребна интубација.
- Замислете дека личноста која можеби има Ковид-19 пристигнува во клиниката. Веднаш може да му се стави „Флуксус маск“ додека лекарите му приоѓаат без страв дека може да ги зарази со вирусот - вели Мигел Инбах Бартол.
Следниот чекор е финансирање за стартап.
Извор:
News.co.cr