X
 29.03.2023 Живот

Амстердам почна онлајн кампања против младите британски туристи

Амстердам почна дигитална кампања насочена кон мажите на возраст од 18 до 35 години од Обединетото Кралство. Станува збор за кампања чија цел е да се смени репутацијата на Амстердам како најлиберален град за забава во Европа. Објавени се повеќе видеа во кои се покажува како полицијата апси млади мажи.

Онлајн рекламите имаат цел да ги покажат ризиците поврзани со прекумерната употреба на дрога и алкохол. Овие реклами ќе се појавуваат кога корисници на интернетот од Обединетото Кралство ќе разгледуваат изрази како машки забави, евтини хотели или посета на повеќе пабови во Амстердам.

Британците може да патуваат до Амстердам со евтини билети кои се движат околу 60 евра. Викенд-аранжмани за Амстердам се нудат и од патнички агенции во Обединетото Кралство. Меѓутоа, жителите на Амстердам со години се жалат на пијани Британци кои уринираат во јавност, повраќаат во каналите, се соблекуваат во јавност и учествуваат во насилни активности.

Критичарите велат дека кампањата дискриминира и се заснова на стереотипи.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот