X
 21.07.2023 Економија

ДЗС: Просечната нето-плата за мај е 36.465 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2023 година изнесува 36.465 денари, додека просечната бруто-плата за истиот месец изнесува 54.675 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2023 година, во споредба со мај 2022 година, изнесува 116,1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: административни и помошни услужни дејности (25,5%), стручни, научни и технички дејности (21,4%) и финансиски дејности и дејности на осигурување (18,8%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: други услужни дејности (5,3%), стручни, научни и технички дејности (5%) и транспорт и складирање (4,3%).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија