X
 23.03.2022 Живот

Нето-платата за јануари изнесува 29.980 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2022 година изнесува 29.980 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 44.762 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 106.

- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13,9%), други услужни дејности (13,8%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (8,6%), дејности на здравствена и социјална заштита (6,6%) и други услужни дејности (5%) - стои во соопштението.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 106,1.

- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (14,2 %), други услужни дејности (14%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (10,7%). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (7,6%), дејности на здравствена и социјална заштита (6,7%) и други услужни дејности (5%) - додаваат од ДЗС.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот