X
 21.07.2023 Живот

Светот остана без розова боја за време на продукцијата на филмот „Барби“

Режисерката Грета Гервиг неодамна откри дека тимот што стои зад филмот целосно ги конструирал флуоресцентните сетови на филмот „Барби“ во студиото „Ворнер Брос Ливсден“, сè до небото, кое било рачно обоено наместо да се користи CGI-графика.

- Буквално го создававме алтернативниот универзум на „Барбиленд“. Сè требаше да биде тактилно бидејќи играчките, пред сè, се работи што ги допирате - изјави таа.

За да ја создаде речиси монохроматската палета на бои на куќата на Барби, тимот што работеше на сценографијата мораше да обезбеди резерви на розова боја за да покрие сè, од светилници до сообраќајни знаци.

Конкретно, тимот користел нијанса од американскиот производител „Роско“ за да ја долови хиперреалноста на „Барбиленд“.



- Сакав розовата да биде многу светла и речиси сè да биде премногу - изјави Герви.

Била потребна толку многу боја, што продукцијата на филмот предизвикала светски недостиг на таа одредена нијанса.

- Светот остана без розова боја - рече таа.

Откако пред една година беа објавени првите снимки за претстојниот филм, розовата хиперженска естетика на Барби се инфилтрира во светот на дизајнот.

Извор: Dezeen.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот