X
 21.08.2016 Живот

Имагинарно писмо од Тито: „Вашите деца имаа добри училишта, а вашиот пасош беше ценет"

Станува збор за измислено писмо, напишано од авторот на еден блог кој замислува како Тито би можел да ни го каже и како би го објаснил сето она што некогаш сме го имале, а денес го немаме, сè она што некогаш било добро, а денес е лошо.

„Драги мои Југословени, слушам ме мразите.

И тоа од дното на душата. Ме мразите и ми пцуете. Велите дека сум бил диктатор, сум ја гушел слободата, сум испраќал невини во затвор, сум наредувал убиство на многу луѓе.

Дека додека бев на чело на ФНРЈ и СФРЈ ги задолжив и вашите деца, вашите внуци и правнуци. Дека бев против слободата на искажувањето на верата. Дека сум создал општество на привилегирани, а народот сакал сè.

Мразете ме, а се надевам дека ќе ме мразите од ден во ден сè повеќе и повеќе.

Заборавате дека станав претседател на државата која сè уште беше во феудално доба, во која речиси и немаше фабрики, а процентот на неписменост беше исклучително висока, болестите одамна беа искоренети во Европа, а сè уште беснееја на Балканот.

Заборавате ја километарската пруга и патиштата направени додека бев „диктатор“. Колку болници беа изградени, училишта и универзитети.

Само колку фабрики направивме, каква воена индустрија создадовме. Колку работнички одморалишта имавме, првенствено на море, но и на копно.

Вашите деца имаа добри училишта, а вашиот пасош беше ценет.

Да, признавам, бев диктатор. Не дозволив ниту Русите ниту Американците да ни се качат на глава. Точно, бев диктатор, не сакав да слушам дека некој може да биде гладен.

Наредував, и пак би наредувал, секој работник да добие стан од својата компанија. Наредував, и пак би наредувал, секое работничко семејство да има право на годишен одмор на море.

Признавам, ја мразев заостанатоста и го користев мојот диктаторски авторитет секое дете да оди во основно училиште, а потоа кој сака да продолжи во средно образование и потоа на бесплатен факултет. Лекувањето на VMA во Љубљана, Загреб, Белград беше достапно за сите и за сите беше бесплатно.

Мразете ме што апсев и праќав на Голи Оток. Ќе ме мразите уште повеќе кога ќе ви кажам дека би го повторил истото само за да обезбедам мирен сон за секое дете во мојата диктатура.

А во тоа и успеав.

Кој си ја работеше работата, не одеше на Голи Оток. Оној кој работеше против младата држава, коваше планови за воспоставување на советска република или некоја американска квази-демократија, тој имаше бесплатна карта за Голи Оток.

Мразете ме и што наредив убиства на квислинзите и предавниците во 1945 година. Што требаше да правам? Да ги амнестирам, а тие убиваа невини луѓе четири години? Велите дека сум наредил убиства на свештеници, имами и проповедници? Па тие беа оние кои ги благословуваа убијците.

Заборавивте дека не забранував градење на цркви и џамии.

„Тито беше диктатор, не овозможуваше развој на демократијата“. Па сè ви дадов! Немаше оваа или онаа партија, но имавте ССО, СК, синдикати, работнички совети, СУБНОР, ги имавте сите можности да се однесувате демократски и да ги практикувате демократските процеси.

Божем ви пречеше тоа што не можеше да напредува оној што не беше член во партијата. Сега кој напредува во тие ваши држави? Да не се тоа можеби независните интелектуалци?

Знаете, ме разочаравте длабоко. Ви дадов сè и што вие направивте? Сè уништивте. Каде се тие училишта и фабрики, каде се универзитетите? Колку изнесува наталитетот?

Растете или паѓате?

Среќни сте или несреќни?

Лето е, ќе одите на море?

Градите со ваши пари или со кредит?

Чии се банките?

Чија храна јадете, увезена или домашна? Имате зимница? Се сеќавате на мојата зимница, секоја година? Кој е кум на вашето дете?

Дали комшијата или пријателот е од друга нација, или тоа повеќе го нема? Каде ви се децата, со вас се или ви побегнаа во странство, кај швабите?

Дали можете да живеете од пензијата или се молите на Бога да умрете пред да стигнете до пензија, само да не патите и да не ги мачите вашите деца?

Будали едни! Што ви зборував - чувајте ги братството и единството. Мислите дека само онака зборував?

Будали едни! Сега швабите и Французите ве ставаат во приказната за Европската унија. А вие слушате се' што ќе ви кажат. Па имавте унија посилна од европската, со војска, полиција, банка, минимален увоз, чист воздух и домашна храна, бесплатно образование и здравство.

А сега ќе ја добиете нивната војска и полиција, нивните банки ќе ве ограбуваат, заборавете на чистиот воздух и водата - ќе одите кај нив да ги служите, а дома ќе јадете само срање.

Ако, тоа и го заслуживте“.

Автор: Jimmy077 / 6yka.com

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот