Во една прилика, прашан што е неговото занимање, осторумно одговорил:
„Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Фото: YouTube
Ова се најубавите цитати од легендарниот
Момо Капор:
• „Човек може да најде колку што сака пријатели со кои ќе може да зборува, но малку се оние со кои ќе може да молчи.“
• „Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“
• „На многумина би му се допаднал доколку не се трудеше да му се допаднеш на сите.“
• „Никогаш немаме доволно време за оние кои нè сакаат, туку само за оние кои ние ги сакаме.“
• „Ѕвездите паѓаат и дење, само многумина не се во состојба да го видат тоа.“
• „Човек може да каже дека не го промашил животот ако може да направи барем една работа подобро од другите.“
• „Сите оние, кои бараат нешто важно, нешто скапоцено, нешто што одамна го изгубиле, чекорат на ист начин. Ќе ги познаете по тоа што кога одат по улиците и ништо друго не ги интересира: само гледаат пред себе и бараат, бараат...“
• „Љубов... Таа е тешка како болест и кога човек има среќа да ја преживее, засекогаш му остануваат лузни кои бодат во определено време; при споменување на нечие име, во некое бледо предвечерие, со музиката која некогаш заедно сме ја слушале, дури и при површниот поглед на уличниот часовник каде што се сретнувавме.“
• „Можеби среќата се состои во тоа навреме да престанеме да трчаме по неа? Да стигнеме до животот пред лекарите да ни го забранат пушењето, алкохолот, храната, пливањето, сончањето и љубовта?“
• „Се бара една стара, користена недела, без вести за несреќи и војни! Се бараат пријатели, макар и дотраени, сите оние исчезнати, раселени, изгубени, се бараат сите оние кои нè разнесуваа парче по парче, дел по дел: делови од нашето време, нашите љубови, се бараат да ни ја вратат љубовта!“