X
 21.08.2023 Живот

ДЗС: Просечната нето-плата за јуни е 36.527 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 36.527 денари и во споредба со јуни лани е зголемена за 14,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: градежништво (19,6 проценти), информации и комуникации (17,9 проценти) и образование (17,5 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,3 проценти), рударство и вадење камен (5,7 проценти) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,2 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни изнесува 54.720 денари.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот