X
 22.08.2018 Економија

Работни позиции со највисока и со најниска нето-плата во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2018 година, во споредба со јуни 2017 година, изнесува 106,1.

Ваквото зголемување се должи на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во: рударството и вадење камен (20,4 отсто), информации и комуникации (16,7 отсто) и преработувачка индустрија (14,7 отсто).

пари

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (14 отсто), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,3 отсто) и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3 отсто).

Просечната месечна нето-плата по вработен, во јуни 2018 година, изнесува 24.203 денари.

Највисока нето-плата во јуни 2018 година била исплатена за следниве работни позиции:


Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности - 56.587 денари
Воздухопловен транспорт - 56.023 денари
Телекомуникации - 46.472 денари
Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати - 43.689 денари
Вадење други руди и камен - 37.831 денар.

Најниска нето-плата во јуни 2018 година била исплатена за следниве работни позиции:


Дејности за подготовка на оброци и служење храна - 15.294 денари
Услуги поврзани со одржување згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата - 15.150 денари
Производство на кожа и слични производи од кожа - 14.962 денари
Заштитни и истражни дејности - 12.892 денари
Рибарство и аквакултура - 12.656 денари

Целосниот извештај можете да го погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија