X
 28.10.2015 Економија

Македонија има најниска просечна плата во регионот

Македонија убедливо и понатаму се наоѓа на последно место по висина на просечната плата во регионот.

 

rast


Во сите држави во регионот, освен Македонија, дошло до опаѓање на висината на просечната плата.

Според податоците, просечната плата во Словенија падна за 12.25 евра и се наоѓа под „магичната граница“ од 1.000 евра, и изнесува 995.85 евра. Просечната плата во оваа држава во март изнесувала 1.008,10 евра.

Според податоците од септември, просечната плата во Србија е за 10.95 евра помала од онаа која е исплатена во април и изнесува 365.20 евра. Просечната плата во април во Србија изнесувала 376.15 евра.

До пад на просечната плата дојде и во Хрватска и тоа за 5.68 евра. Во август, просечната плата во Хрватска изнесуваше 749.15 евра во однос на 754.83 евра во март оваа година.

Во Босна и Херцеговина забележан е пад на просечната плата за 3.10 евра. Во март изнесуваше 425.40, во однос на 422.30 евра колку што изнесуваше во август.

Во Црна Гора просечната плата е пониска за 1 евро. Според податоците од септември изнесува 477 во однос на 478 евра колку што изнесуваше во април.

Иако Македонија е единствената земја која доживеа пораст за 11.38 евра, сепак таа и понатаму се наоѓа на последното место според висината на просечната плата. Во јули просечната плата изнесуваше 362.37 евра, во однос на март кога изнесуваше 350.99 евра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија