X
 21.08.2024 Живот

ДЗС: 41.939 денари изнесува просечната нето-плата за јуни 2024

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2024 година, во споредба со јуни 2023 година, изнесува 114,8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (24,6 %), административни и помошни услужни дејности (22,9 %) и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (19,6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (21,1 %), трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,4 %) и административни и помошни услужни дејности (4,5 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2024 година, изнесува 41.939 денари.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот