X
 23.03.2021 Економија

Просечната исплатена нето-плата по вработен за јануари е 28.272 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2021 година изнесува 28.272 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за тој месец изнесува 42.204 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Просечната плата се зголемила во споредба со истиот месец лани. Од Државниот завод за статистика додаваат дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2021 година, во споредба со јануари 2020 година, изнесува 102,7.

- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (12,4 %), уметност, забава и рекреација (8,4 %) и информации и комуникации (8,3 %). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (7,7 %), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5,9 %) и информации и комуникации (5,4 %) - стои во соопштението.

Највисоката просечна исплатена нето-плата за јануари е забележана во секторот информации и комуникации и изнесува 53.928 денари.


Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2021 година, во споредба со јануари 2020 година, изнесува 102,7.

- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (12,4 %), информации и комуникации (8,5 %) и уметност, забава и рекреација (8,4 %). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (7,4 %), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5,3 %) и информации и комуникации (4,9 %) - истакнуваат од заводот.


Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

Колку за потсетување, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2020 година изнесуваше 28.294 денари

Насловна фотографија: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија