Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2016 година изнесува 23.457 денари.
Во однос на декември 2015 година, индексот е зголемен и изнесува 103.3 - ова зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработе во секторите: Уметност, забава и рекреација (55.8%), Информации и комуникации (9.6%) и Градежништво (7.7%).
Ова се
професиите кои земаат највисока нето плата во Македонија, за 2016 година:
Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности - 66.896 денари
Правни и смтеководствени дејности - 59.124 денари
Воздухопловен транспорт - 54.827 денари
Телекомуникации - 48.450 денари
Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати - 43.982 денари